Eден од најпознатите тенисери на денешницата Ник Кирјос оваа година нема да настапи на Австралија Опен поради проблемите со повреди, но сепак ќе биде дел од турнирот во поинаква улога.
Имено, Кирјос ќе работи со тимот на „Еуроспорт“ каде што ќе биде стручен аналитичар. Душтво на Кирјос ќе му прават: Борис Бекер, Џон Мекинро, Матс Виландер, Алекс Кореча, Барбара Шет, Тим Хенман, Лора Робсон и Џастон Енан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сигурно дека ќе биде интересно да се слушнат коментарите на Кирјос кој често пати знае да биде без „влакна на јазикот“ и го привлекува вниманието со своите интересни ставови.
Австралија Опен се игра од 14-ти до 28-ми јануари во Мелбурн, а титулата во машка конкуренција ќе ја брани Новак Ѓоковиќ.