Дома Останати Тенис И тоа се случи: Кирјос победи првпат по 29 месеци!

И тоа се случи: Кирјос победи првпат по 29 месеци!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос забележа триумф во првото коло на Мастерсот во Мајами и на тој начин ја прекина неверојатната серија без победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најталентираните играчи на денешницата, кој поради разни причини не го реализираше ниту дел од својот голем потенцијал, против Мекензи МекДоналд славеше со 2:1, и на тој начин стави крај на серијата од дури 29 месеци без победа.

Кирјос го совлада МекДоналд по пресврт со резултат 3:6, 6:3, 6:4, а во второто коло ќе се сретне со Карен Хачанов, кој беше слободен во првото коло.

Последната победа Кирјос ја оствари во октомври 2022 година против Камил Мајхчрзак на турнирот во Токио, а по тоа на теренот се најде девет пати и сите девет пати беше поразен.

Дел од заслугите за поразите се и честите повреди, поради кои е моментално дури 892-ри на ATP листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…