Дома Фудбал Репрезентации Нејмар се израмни со Роналдо и донесе победа на Бразил против Јапонија 🎥

Нејмар се израмни со Роналдо и донесе победа на Бразил против Јапонија 🎥

Бразил ја совлада Јапонија со 0:1 во пријателски натпревар во подготовките за Светското првенство во Катар.

Јапонците долго време го мачеа фаворитот на „Националниот стадион“ во Токио, но Бразил сепак успеа да дојде до триумф. До водство Бразил можеше да дојде уште во втората минута кога Лукас Пакета ја погоди стативата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Избраниците на селекторот Тите ја имаа иницијативата во првиот дел, Рафиња и Нејмар пропуштија добри прилики, расположениот голман на Јапонија Гонда двата пати одлично интервенираше.

Во продолжението драстично падна темпото на мечот, а двата селектори направија измени. Кога се чинеше дека Јапонија ќе одолее на нападите на „Кариоките“, Нејмар направи одличен пробив по левата страна шутираше, а топката по одбраната на Гонда се одби до Ричарлисон, кој беше соборен во шеснаесетникот, а судијата Фагани досуди пенал за Бразил.

Нејмар ја презеде одговорноста и погоди од „белата точка“ во 77. минута. На тој начин фудбалерот на ПСЖ се израмни со уште една бразилска фудбалска легенда Роналдо по бројот на голови во кариерата – двајцата постигнаа по 415 гола.

Бразил на Мундијалот ќе игра во групата „Г“ заедно со селекциите на Србија, Швајцарија и Камерун. Првиот натпревар Бразилците ќе го одиграат во Катар против нашата селекција на 24 ноември во Лусаил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…