Дома Фудбал Италија Несторовски и Трајковски добија нов тренер

Несторовски и Трајковски добија нов тренер

Искусниот италијански стратег, Делио Роси е нов тренер на Палермо, потврди денес клубот од Сицилија.

Роси потпиша договор до крајот на сезоната, откако вчера Палермо му врачи отказ на тренерот Роберто Стелоне.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во моментов тимот на Несторовски и Трајковски се наоѓа на третото место на табелата во Серија Б и има три помалку од второто место кое води директно во Серија А.

59-годишниот стратег, кој по трет пат ќе го предводи Палермо ќе има за задача да го однесе клубот од Сицилија во елитната лига и тоа на четири кола до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Александар Станковиќ од лето во Интер!

Раководството на Интер донесе одлука дека на крајот од сезоната ќе ја активира клаузулата …