Фудбалерите на Венеција се пласираа во финалето од баражот за пласман во италијанската Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вo вчерашниот натпревар Венеција го победи против Палермо со 2:1 во реваншот од полуфиналето и по победата од 1:0 на гостински терен сосема заслужено дојде на чекор од Серија А.
Домаќинот поведе по само четири минути со феноменалниот гол на Танер Тесман.
Предноста на домашните ја удвои дефанзивецот Антонио Кандела по перфектен контранапад.
Единствениот „почесен“ гол на Палермо во 86. минута беше дело на уште еден играч на Венеција, Михаел Свобода, на четири минути пред крајот, кога ја испрати топката во сопствената мрежа.
Венеција во финалето на плеј-офот ќе игра со подобриот од двата меча меѓу Атанзаро и Кремонезе. Првиот натпревар во Кремона заврши нерешено 2:2, а вториот ќе се игра денес.