Конечно познат стандардниот капитен на „Кариоките“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Тите денес го именуваше фудбалерот на Пари Сен Жермен за капитен на националната селекција.
Тите така ја прекина политиката со ротација на капитенската лента според која на последниот Мундијал капитени на Бразил беа Тиаго Силва, Миранда и Марсело.
Оваа одлука Тите ја донесе пред пријателскиот натпревар на Бразил против селекцијата на САД.
По донесувањето на ваквата одлука се огласи и самиот фудбалер.
„Ја прифатив капитенската лента бидејќи многу научив и ќе научам уште повеќе. Оваа одговорнсот е добра работа за мене“, изјави Нејмар.
Ќе потсетиме Бразил на Светското првенство во Русија беше елиминиран во четвртфиналето од Белгија.