Дома Фудбал Останато Нема крај на наградите за Роналдо!

Нема крај на наградите за Роналдо!

Кристиано Роналдо очекувани е прогласен за најдобар португалски играч во 2016 година, откако минатата година тој со Реал ја освои Лигата на шампионите, а со Португалија беше европски шампион.

Роналдо оми пат во кариерата го доби признанието за играч на годината во Португалија. Зад напаѓачот на Реал, во изборот на тренерите и новинарите останаа Пепе и голманот Руи Патрисио.

„Минатата година беше специјална за мене, го освоив трофејот кој ми недостасуваше. Морам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката“, изјави Роналдо на свечената церемонија во Лисабон.

Португалците за најдобар млад играч го прогласија Ренато Санчез, а за најдобар тренер, селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…