На сите оние кои утре ќе бидат дел од публиката на фудбалскиот спектакл наречен Суперкуп, кој ќе се игра на „Арена Телеком“ во Скопје, ќе им биде дозволено внесување знамиња само на клубовите учесници на Суперкупот, како и националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија).
Според стандардите и правилата, знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени, соопштија УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), како посетување на сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки. Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери.