Група навивачи на Борусија Менхенгладбах силувале непозната 19-годишна девојка во воз, враќајќи се од Минхен по натпреварот со Баерн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Околу 750 навивачи на Борусија се наоѓаале во два изнајмени чартер вагони, а несреќната девојка била влечена во тоалетот и така силувана. Штом ја пуштиле, таа го пријавила цел случај во полиција, за органите на редот и мир да го запрат возот уште на следната станица и да уапсат повеќе од 60 навивачи.
Бидејќи ги препознала тие што ја силувале, била одведена во болница на сослушување и потоа ослободена дома.
„Ова е страшен инцидент и силго го осудуваме. Се надеваме дека извршителите ќе бидат интентификувани и издадени пред правдата. Срамотно е Борусија да биде поврзана со вакви дела“, изјави Стефан Шиперс.