Капитенот на Ајакс, Матијас Де Лихт сугерираше дека би можел кариерата да ја продолжи со неговиот соиграч Френки Де Јонг во Барселона.
Де Јонг ова лето ќе се приклучи на шпанскиот гигант, а во последно време се почесто се пишува дека по истиот пат ќе тргне и Матијас Де Лихт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текто на вчерашниот ден „Скај Спорт“ објави информација дека капитенот на тимото од Амстердам ќе заврши во Барселона.
„Френки имаше одлична сезона и заслужи договор со Барселона. Дали ќе одам и јас во Барселона? Би било убаво повторно да играм со Френки во ист клуб, но во овој момент не можам да ви кажам што ќе се случи“, изјави Де Лихт.
Според она што се пишува во медиумите Де Лихт во Барселона ќе се пресели за сума од околу 65 милиони евра.