Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Исланд – дебитантот кој во своите редови го има Гифли Сигурдсон

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Исланд – дебитантот кој во своите редови го има Гифли Сигурдсон

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Денес ви ја претставуваме и последна селекција од групата Д – Исланд!

ИСЛАНД

Исланд на Мундијалот ќе игра во групата Д заедно со селекциите на Аргентина, Хрватска и Нигерија. Оваа селекција е аутсајдерот на хартија во оваа група и фудбалскиот свет и дава најмали шанси за пласман во следната фаза покрај пред се Аргентина и Хрватска.

Исланѓаните Мундијалот ќе го отворат против селекцијата предводена од Лионел Меси, Аргентина на 16 јуни, пет дена подоцна ќе се сретнат со Нигерија, а за крај на натпреварите од групната фаза ќе играат против селекцијата на Хрватска.

Во својата историја оваа мала земја до сега не настапила на ниту еден Мундија, ова ќе биде нивно прво учество, па јасно е зошто никој не им дава шанси дека можат нешто да направат (да се пласираат во нокаут фазата).

Но, треба да се истакне дека Исланд веќе еднаш заврши пред Хрватска! И то во квалификациите за Мундијало. Овие две селекции беа сместени во групата И од која и обезбедија место на Мундијалот. Исланд беше веројатно најголемото изненадување во квалфикациите и заврши како лидер во групата со 22 бодови, Хрватска беше второпласирана со два помалка. Без настап во Русија од оваа група останаа Украина, Турција, Финска и Косово.

На Мундијалот оваа селекција ќе настапи во гарнитура дизајнирана од компанијата „Ереа’.

Tреба да се истакне дека Исланд беше селекцјата која прва го соопшти конечниот список на 23 играчи, без објавување на прелиминирен. Во тимот на селекторот Хамир Халмигрдсон секако најголема ѕвезда е Гифли Сигурдсон.

Списокот на играчи на Исланд.

Голмани: Ханес Халдарсон, Рунар Рунарсон, Фредрик Шрам

Одбрана: Биркир Севарсон, Рагнар Сигурдсон, Карл Арнасон, Ари Скуласон, Сверир Игнасон, Хорѓур Магнусон, Самуел Фридјосон, Холман Ејолфсон

Средина: Арон Гунарсон, Гифли Сигурдсон, Емил Халфредсон, Биркир Бјарнасон, Арнор Ингви Траустасон, Рјурик Гласон, Јохан Гудмодсон

Напад: Алфред Финбогасон, Џон Дади Бодварсон, Бјорн Сигурдарсон, Алберт Гудмонсон

Обложувалницата „Coinbet24“ веќе ги има објавено коефициентите за Мундијалот, па така доколку бидете храбри и играте дека Исланд може да се пласира во нокаут фазата добивате коефициент кој изнесува 15.00.

Јасно, Исланд не е фаворит против никого, па така во првиот натпревар против Аргентина за победа добиваа исто така голем коефицент од 9.90, додека за победа на Аргентинците коефициентот изнесува 1.37, за реми 4.50

Исланд својата шанса за бодови ќе ја бара во вториот натпревар кога ќе игра против Нигерија. За оваа средба коефициентите се прилично изедначени. Исланд добива 2.72, додека Нигерија 2.68, за реми коефициентот изнесува 3.20

За крај на групната фаза како што споменавме Исланд игра против Хрватска и тука за победа добиваат коефициент од 4.35, додека за победа на Хрватите коефициентот изнесува 1.92, за реми добивате коефицент од 3.30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…