Дома Фудбал Ливерпул најде одлична замена за Арнолд

Ливерпул најде одлична замена за Арнолд

Трент Александр-Арнолд планира да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, насочувајќи ја својата кариера кон Реал Мадрид.

Иако овој трансфер е значаен губиток за „Црвените“, на „Енфилд“ владее спокојство, бидејќи веќе се на пат да го заменат англискиот репрезентативец со одличен играч.

Во потрага по соодветна замена за десната бековска позиција, раководството на Ливерпул не губеше време и почна да се подготвува уште додека чекаа дали Арнолд ќе го обнови договорот.

Како што известува „Дејли Рекорд“, Ливерпул планира ова лето да го потпише Јереми Фримпонг, кој моментално настапува одлично во Баер Леверкузен. Нивната надеж е поддржана и од фактот што Фримпонг е заинтересиран да ја продложи кариерата во редовите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Сити: Прогласен е за виновен по речиси сите точки за финансискиот фер-плеј!

Како што известува порталот “Атлетик”, Манчестер Сити е прогласен за виновен з…