Дома Фудбал Од очај до екстаза – тоа е моќта на фудбалот (видео)

Од очај до екстаза – тоа е моќта на фудбалот (видео)

Фудбалот е единствената игра која може да ве премести од очај до екстаза, или обратно.

Оваа силна емоција ја почувствуваа синоќа навивачите на Манчестер Јунајтед. За само две минути, тие поминаа од разочарување до еуфорија.

Јунајтед губеше од Лион со резултат 2:4 до 114-та минута. Тогаш Бруно постигна гол од пенал и донесе неизвесност во завршницата. Со следните два гола во 120-та и 121-та минута, „црвените ѓаволи“ победија со 5:4.

Камерата улови еден млад навивач кој најпрво плачеше, а потоа изрази неверојатна радост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија загуби дел од својата историја: почина Агрон Мемеди на 45 години

Поранешниот македонски репрезентативец и член на стручниот штаб на Шкендија, Агрон Мемеди,…