Дома Македонски спорт Уште една максимална победа на македонските тенисерки

Уште една максимална победа на македонските тенисерки

Нова убедлива победа за македонските тенисерки откако денеска со 3:0 е совладана селекцијата на Исланд во дуелот од 4.коло од Третата Европска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје.

Откако победникот беше познат по двата сингл меча селекторот Димитар Лабудовиќ шанса им даде на нашите помлади тенисерки Ива Данева и Александра Симева, а воедно и да ги одмори Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска пред утрешниот дуел со Молдавија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Данева и Симева го добија дублот на Исланд Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир со 2-0 во сетови (63 63).

Во првиот сет македонските тенисери имаа постојано водство најпрвин 2:0, а потоа и 4:1, но противничките најавија неизвесност само за кратко откако се доближија на 4:3. Сепак следните два гема ги освоија Динева и Симева и сетот заврши со резултат 6:3. Во вториот сет по 1:1 во гемови нашите тенисерки направија серија од три гема за водство од 4:1 што на крајот се покажа за решавачко за освојување на сетот со 6:3.

Во сингл мечевите Стоилковска ја победи Гронхолм со 2-0 (61 60), додека Ѓорческа беше подобра од Јонасдотир со 2-0 (62 60).

Македонија (4-0 победи/ порази) утре во последниот меч од групата Б игра против селекцијата на Молдавија која скор 3-1 (пораз од Финска)

Почетокот на дуелот е во 10 часот.

Фото: Игор Паневски/mtftennis.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…