Дома Фудбал Челси загуби од Легија среде Лондон, но се пласира во полуфинале на Конференциската лига

Челси загуби од Легија среде Лондон, но се пласира во полуфинале на Конференциската лига

Фудбалерите на лондонскиот Челси се пласираа вечерва во полуфиналето на Конференциската лига, иако на својот терен беа поразени со резултат 1:2. Во вечерашниот реванш на „Стенфорд Бриџ“ Челзи влезе со три гола предност од првиот натпревар против Легија (3:0), но гостите ослободени од резултатскиот императив сакаа значително да го подобрат впечатокот од тој дуел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И, веќе во деветтата минута, Јоргенсен направи пенал што беше досуден за гостите, а сигурен од белата точка беше Пекарт кој и донесе водство на Легија 0:1. На одговорот на Челси се чекаше до 33. минута кога Санчо одлично центрираше од десната страна, а Кукурела беше на вистинско место и од непосредна близина ја погоди мрежата за 1:1.

Тој резултат остана до крајот на првото полувреме, а на почетокот на второто тимот на Легија повторно заигра подобро и по само осум минути игра во продолжение тимот од Варшава повторно поведе. Овојпат голот беше постигнат по удар од корнер од левата страна, а во гужвата пред голот на домаќините, Гонсалвеш ја префрли топката до Капуадија кој ја погоди мрежата на голманот на домаќините и го постави конечниот резултат 1:2.

Фото: Chelsea FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнгличаните во САД ги разбуди силен земјотрес! (Видео)

Привремената база на англиската репрезентација во Флорида беше погодена од земјотрес со ја…