Дома Фудбал Барсиниот „вондеркинд“ заминува во Германија?

Барсиниот „вондеркинд“ заминува во Германија?

Барселона се сврте кон своите таленти, што е добро, врвните резултати се очекуваат кога Џамал, Гави, Кубарси и останатите ќе бидат носители на играта на овој клуб. 

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сепак, може да изгубат еден од поквалитетните млади фудбалери пред кој е светла иднина. 

Тоа е Гил Фернандез, момче кое има само 17 години и е најдобар фудбалер на младиот тим на Барса. 

Веќе има договор со првиот тим до 2027 година, а за него се грижи Жорже Мендеш, суперагент. 

И тоа е информација која може да ја промени судбината на ова момче, а како што се наведува, најверојатно ќе го напушти клубот на лето. Порто, Баерн, Манчестер сити и многу други се подготвени да го доведат во своите редови. 

Каталонскиот „Спорт“ пишува дека желбата на Фернандез е да остане и да успее во Барса, но вистината е дека ќе му биде тешко во наредните години да избори место како првотимец и да добие минути во важните натпревари што ќе му бидат прекупотребни. 

Фермин Лопез, Гави, Пабло Тор немаат минути колку што сакаат оваа сезона, па јасно е дека овој играч од средниот ред тешко може да добие минути во Барселона во блиска иднина. 

Последниве неколку месеци се појави и Борусија од Дортмунд како најсериозен кандидат да го доведе ова момче…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детали за состојбата на Фергусон откако му се слоши на натпреварот против Ливерпул

Фергусон, според aнглиските медиуми се закрепнува откако му се слоши на Олд Трафорд измина…