Дома Фудбал Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Лига Европа.

Аморим инспириран од натпреварот со Баерн од 1999 година

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Гледав документарец за натпреварот на Манчестер и Баерн од 1999 година за да добијам инспирација за вакви моменти. Ова беше голема ноќ. Мислевме дека е готово, но вистината е дека никогаш не е готово. Чувствувам дека сѐ е можно. Атмосферата на стадионот беше најдобрата досега. Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4.

Знам дека не играме добро и заслуживме критики, но имаме време да направиме нешто посебно оваа сезона. Ќе се концентрираме на Лига Европа и ќе ризикуваме со младите во Премиер лигата. Се надевам дека нашите навивачи тоа ќе го разберат”, рече по натпреварот тренерот на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака не можеше да молчи по поразот: Навистина ли сакате да го кажам тоа!?

Швајцарците се бесни по испаѓањето од Аргентина на Светското првенство. Вториот жолт карто…