Дома Фудбал Меси: Враќањето во Барселона остана недостижна цел

Меси: Враќањето во Барселона остана недостижна цел

Лионел Меси, една од најпознатите фудбалски ѕвезди, зборуваше за својата кариера и откри дека имал желба да се врати во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„По завршувањето на мундијалот во Катар, не размислував за друг европски клуб, освен Барселона. Враќањето во Барселона беше мојата цел. Сакав повторно да се вратам дома, на местото каде што се започна за мене. За жалење, некои околности го направија трансферот невозможен. На крајот, јас и моето семејство одлучивме да се преселиме во Мајами. Дојдовме во САД со цел да доживееме сосем различно искуство од тоа на кое бевме навикнати“, изјави Меси, кој потоа зборуваше за пензионирањето.

„Како што реков, моментално сум фокусиран на сегашноста, но би излажал ако кажам дека не размислувам за Светското првенство. Да, мислам на него. Оваа година ќе биде клучна за одлуките поврзани со мојата иднина. Сакам да го најдам вистинскиот ритам и конзистентност“, вели Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…