Дома Фудбал Наташа Андонова кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија

Наташа Андонова кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија.

Таа од денеска е нов член на Ал-Шабаб. Андонова е претставена како големо засилување и ќе го носи дресот со број „9“.

Андонова во последните седум години настапуваше во шпанската Ла Лига каде играше за Барселона и за Леванте.

Ал Шабаб е клуб формиран пред седум години, тренер е шпанскиот стручњак Мигел Моралес, а најголем успех досега му е пласманот во финалето од националниот Куп.

Во првенството на Саудиска Арабија има десет клубови, а новата сезона почнува на 27 септември. За македонската репрезентација, Андонова има 33 настапи и 14 постигнати голови со што е втор стрелец на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да г…