Дома Фудбал Лига на шампиони Нападнат автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид!

Нападнат автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид!

Ливерпул и Реал Мадрид вечерва на „Енфилд“ го играат реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ во првиот натпревар славеа со 3:1 и имаат одлична предност за вечерашниот реванш, но јасно е дека Ливерпул ќе даде се од себе да дојде до пресврт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играчите на Реал Мадрид вчера допатуваа во Англија каде што одработија еден тренинг, но пред натпреварот доживеале една непријатност.

Имено, англиските медиуми објавија дека група навивачите на Ливерпул го нападнале автобусот во кои биле фудбалерите на Реал Мадрид. Навивачите фрлале со камење кон автoбусот и искршиле неколку стакла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нови детали: Откриено што кажал Винисиус пред да настане целосен хаос во Лисабон

Натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид го обележаа непријатните сцени во второто полувре…