Играчот за врска на Интер има јасен став.
Раџа Наинголан не се најде на списокот патници во Русија за неговата селекција и поради таквата одлука тој се откажа од настапувањето за оваа репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега повтори дека нема никакви шанси повторно да го облече дресот на Белгија.
„Нема повторно да играм за репрезентацијата го кажав тоа и пред Светското првенство, а јас сум човек кој си стои на зборот. Јас играм фудбал тука во Интер и посветен сум на овој тим“.
„Без разлика дали Белгија ќе го промени тренерот, репрезентацијата за мене е затворена приказна. Кога ќе кажам дека е крај, тогаш навистина е така. Секогаш кога играат репрезентациите ја имам 4 или 5 дена слободни и поради тоа сум среќен“.
„Бев разочаран. Одиграв одлично европско првенство, а потоа бев исфрлен без причина. Јас тоа го гледам поинаку, имаше неколку играчи кои не играа за своите клубови, а сепак добија повик. Јас одиграв 50 натпревар натпревари и повторно бев изоставен. Го заслужив тој повик“, изјави Наинголан.