Дома Фудбал Англија Навивачите на Челзи на интересен начин ќе го бојкотираат Сари

Навивачите на Челзи на интересен начин ќе го бојкотираат Сари

Италијанскиот тренер, Маурицио Сари веќе некое време ги лути навивачите на Челзи поради слабите резултати оваа сезона, а многумина од нив одлучиле да го бојкотираат, пренесуваат медиумите во Англија.

„Daily Mail“ пренесува информација дека околу 400 навивачи на Челзи со сезонска карта го продале своето место на стадионот преку официјалниот сервис за размена на карти пред лондонското дерби против Вест Хем кој е на распоредот на 8. април.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истиот извор пренесвуа дека околу 700 навивачи на клубот од „Стемфорд Бриџ“ ги ставиле своите карти на располагање пред доаѓањето на Барнли на 22. април. Споменатите навивачи наводно велат дека нивните другари од трибините им рекле дека немаат намера да дојдат на натпреварот.

Се разбира, вакви инфромации ја принудуваат управата на Челзи добро да размисли, кога станува збор за судбината на тренерот чија столица сериозно се тресе. Италијанскиот стратег за сега само го спасува фактот дека неговиот клуб игра добро во Лигата на Европа, каде што ќе игра против Славија Прага во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …