Дома Фото Навивачите на Марсеј му честитаа на Јунајтед за елиминацијата на ПСЖ од ЛШ

Навивачите на Марсеј му честитаа на Јунајтед за елиминацијата на ПСЖ од ЛШ

ПСЖ беше скоро сигурен патник во четвртфиналето во ЛШ откако на Олд Трафорд забележаа победа со 2:0, но избраниците на Солскјер имаа друг план.

Манчестер Јунајтед славеше со 1:3 во реванш натпреварот од 1/8 финалето и режираше сензација за пласман понатаму.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Црвените ѓаволи со победата над ПСЖ моментално стекнаа пријатели на југот од Франција, со оглед на тоа  што навивачите на Марсеј, најголемиот ривал на ПСЖ не престанаа со честитките.

Марсеј синоќа на својот Велодром ја совлада Ница во рамките на францускиот шампионат, а домашните навивачи истакнаа интересна порака упатена до Јунајтед, но и ПСЖ.

„1:3 во г***т на QSG. Честитки Јунајтед.“ – гласеше пораката од транспарентот.

Инаку, во акронимот QSG се крие провокација која ја користат навивачите на Марсеј поради огромните вложени средства од Катар (Qatar) во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Роналдо има 40 години, но уште е „гладен“ за победи: Не планирам да запрам!

Ал Наср ја продолжува својата предсезонска турнеја во Австрија, каде што интензивно се под…