Дома Фудбал Останато Мурињо после Суперкупот: Првиот гол Реал го постигна од офсајд

Мурињо после Суперкупот: Првиот гол Реал го постигна од офсајд

Жозе Мурињо, првиот човек на клупата од Манчестер Јунајтед, на пресконференцијата после дуелот со Реал Мадрид во Суперкупот, посочи еден момент кој според него влијаел врз конечниот резултат и поразот од Реал (1:2) во Суперкупот, но напомена дека неговите играчи не треба да бидат разочарани.

Реал на „Филип Втори“ славеше со головите на Каземиро во првото и Иско во второто полувреме, а единствениот гол за Јунајтед го постигна Лукаку.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, според Мурињо, првиот гол бил постигнат од офсајд и тој момент го одредил понатамошниот тек на натпреварот.

„Еден од нивните голови беше постигнат од офсајд. Да постоеше ВАР системот на овој натпревар резултатот ќе беше 1:1“, рече Мурињо, дополнувајќи дека неговите играчи му пружиле достоен отпор на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште еден чекор ги дели: Лидс и Барнли блиску до промоција во Премиерлигата

Лидерите во Чемпионшипот се израмнети на врвот со 91 бод, тимот од Јоркшир го пречекува Ст…