Дома Фудбал Англија Мурињо после пресвртот: Ниту еден тренер нема повеќе среќа од мене

Мурињо после пресвртот: Ниту еден тренер нема повеќе среќа од мене

Манчестер Јунајтед во еден тежок натпревар го совладаа тимот на Бурнемоут со 2:1 во 11-то коло од Премиер лигата.

Тимот на Жозе Мурињо губеше од 11-та минута откако погоди Вилсон за 1:0. Марсијал изедначи во 35-тата, а за голем пресврт погоди Маркус Рашфрод во 92-та минута. Јунајтед изгледаше очајно во поглемиот дел од првото полувреме, но во продолжение тимот на Мурињо заигра многу подобро и заслужено стигна до победата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Но, иако неговиот тим победи Жозе Мурињо не беше премногу задоволен.

„Да, во второто полувреме одигравме одлично, но на полувремето им кажав дека ниту еден тренер нема среќа каква што имам јас. На полувремето требаше да губиме 5:2 или 6:2, изгледавме очајно. Тим не може да одигра полошо од она што ние го одигравме во првиот дел. Не сфаќам зошто во секој натпревар влегуваме толку бавно и лежерно“, изјави Мурињо после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси покажа на сите зошто е “доктор” за слободни удари

Интер Мајами продолжи со спектакуларната победничка серија и ги совлада Нешвил со 2:1 пред…