Како што пишуваат англиските медиуми, Жозе Мурињо одржал состанок со Ед Вудворд бидејќи не е задоволен од атмосферата на „Олд Трафорд“.
Мурињо неколку пати оваа сезона истакнуваше дека навивачите едноставно не пружаат доволно поддршка на неговите фудбалери. Поради тоа денес бил одржал состанок на кој Мурињо и Вудворд се обидувале да најдат решение на овој проблем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според медиумите, Мурињо со своите сонародници веќе неколку недели се обидувал да пронајде решение и изгледа дека конечно успеале.
Наводно, договорено било задачата за правање атмосфера на стадионот да биде доделена на главната навивачка група „Manchester Unites Dupperters Trust“ (MUST).
Имено, планот е по неколку членови на оваа група да бидат распоредени на останатите трибини каде што поголемиот дел од навивачите само седат и ги следат натпреварите. Португалецот верува дека ваквиот потег ќе помогне за подобрување на атмосферата.