Утре завршува преодниот рок во Англија, а менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо се уште го нема донесено посакуваното засилување во одбраната.
Откако пропадна можноста за трансфер на Алдервајлед од Тотенхем и на Боатенг од Баерн Минхен, Мурињо со сите сили ќе се насочи кон англискиот репрезентативец Хари Мекгваер од Лестер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лисиците“ до сега одбија две понуди за талентираниот стопер, но Мурињо е спремен да испрати рекордна понуда за да го комплетира трансферот до затворањето на трансфер прозорецот.
Британските медиуми пренесуваат дека Мурињо е спремен да понуди рекордни 73 милиони евра што би го направило Мекгваер најскапиот англиски стопер во на сите времиња, а и вториот најскап во историјата на светскиот фудбал, зад Вирџил ван Дајк кој беше платен 85 милиони евра.
Лестер пак е спремен да донесе двајца дефанзивци кои заедно вредат 37,5 милиони евра, Турчинот Чаглар Сојунчу од Фрајбург и Хрватот Филип Бенковиќ од Динамо.