Дома Фудбал Англија Мурињо: Во Арсенал секогаш плачат, редно беше и тие да се израдуваат!

Мурињо: Во Арсенал секогаш плачат, редно беше и тие да се израдуваат!

Манчестер Јунајтед вчера го загуби големото дерби против Арсенал и по цели 13 години Арсен Венгер успеа да слави победа над лутиот ривал Жозе Мурињо во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После мечот Жозе Мурињо не успушти прилика да го „боцне“ својот колега, но и навивачите на Арсенал.

„Конечно го напуштам овој стадион, а навивачите на Арсенал да бидат задоволни. И јас сум среќен заради нивното задоволство. Ова ми е прв пат во кариерата да го напуштам овој стадион, а тие да бидат среќни. Го напуштав Хајбери – тие плачеа, го напуштав Емирати – тие плачеа, конечно малку насмевки на нивните лица“, изјави Португалецот.

Со овој пораз „црвените ѓаволи“ се чини ја загубија битката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, па сега сите сили ќе ги насочат кој освојување на Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…