Германскиот голман Лорис Кариус беше предмет на потсмев поради големите киксеви кои ги направи во кариерата, но сега пристигна сензационална вест од Германија.
Кариус се посрамоти во финалето на Лигата на шампиони со Ливерпул, а потоа замина во Бешикташ каде исто така имаше неколку големи киксеви, но ниту таму не се прослави, по што се пресели во Унион Берлин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германските медиуми пишуваат дека Баерн Минхен би можел да се засили со Кариус, чија вредност во моментов изнесува два милиони евра.
Мануел Ноер неодамна потпиша нов договор, а неговата резерва Александер Нубел инсистира да замине на лето на позајмица, па поради тоа Кариус би требало да го преземе неговото место.
Loris Karius emerges as a potential Bayern Munich transfer target, claims reporthttps://t.co/PMY0moTi4I pic.twitter.com/Za8URCHkFh
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) March 5, 2021