Роберто Морено пред неколку дена доби отказ на клупата на репрезентацијата на Шпанија.
Иако на Морено одлично му одеше на клупата на „Црвената Фурија“ сојузот одлучи да го отпушти, а Фудбалскиот сојуз на Шпанија на клупата го врати Луис Енрике.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Морено долго време работеше со Енрике. Му беше голема поддршка во тешките моменти му посветуваше победи, но работите сега изгледа се променија.
„Зошто не ме сака во тимот? Не знам, прашајте го него“, изјави Морено па продолжи:
„Мислам дека најдобро е се да остане меѓу нас. Нема ништо да кажам бидејќи верувам дека така е најдобро. Пред се не би било добро за мене, а во овој момент сакам само да мислам на себе“, истакна Морено.