Дома Фудбал Останато Мексиканецот кој пред шест години беше блиску до Барселона денес игра во Катар

Мексиканецот кој пред шест години беше блиску до Барселона денес игра во Катар

Мексиканскиот дефанзивец Хектор Морено се потсети на летото 2014 година кога беше блиску до потпис со Барселона.

Морено во тоа време играше за Еспањол. Имаше неколку одлични сезони зад себе и пред Мундијалот во Бразил за него се интересираа бројни големи клубови помеѓу кои беа Манчестер Јунајтед и Тотенхем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лесно можеше да ја промени средината и пред Светското првенство, но одлучи прво да го одигра Мундијалот, а подоцна се покажа дека таа одлука била грешка.

„Работите сигурно ќе беа поинакви ако не беше повредата бидејќи не преговарав само со Барселона. Имав шанса да потпишам и пред Мундијалот. Дури и после повредата имав опција да потпишам за еден друг клуб, а исто имав и после повредата. Сепак, мислев дека не сум спремен за заминување беше комплицирано. Но, сеедно ништо не би менувал“, раскажа Морено.

Инаку, Морено ја скрши ногата во текот на осминафиналето на Мундијалот во Бразил во натпреварот против Холандија кој Мексико го загуби со 2:1.

„Се чувствував добро во тоа време од сите аспекти. Моите соиграчи ми помогнаа. Сепак, тоа што се случи, се случи. Беше напорно, морав цел свој живот да го ставам на пауза“, се потсети Морено.

Идното лето тој го напушти Еспањол и потпиша за ПСВ. Подоцна дојде и до Рома, но тука не се наигра, па се врати во Ла Лига (Реал Сосиедад), а денес е член на катарскиот тим Ал-Гарафа.

За репрезентацијата на Мексико настапи на 104 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…