Aмериканецот Блејк Грифин објави дека става крај на неговата голема кариера.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Грифин ја напушта кошарката на 35 години, а преку социјалните мрежи испрати порака до навивачите.
„Ви благодарам за секој момент на паркетот. Имав добри и лоши моменто, но секако сум пресреќен за се што постигнав. Дојде време да се посветам на семејството и пријателите, моите најблиски. Сакам да испратам посебна благодарност до моите родители и мојот брат, Тејлор. Секогаш беа тука да ми дадат безрезервна поддршка, заедно со мојот агент, Сем Голдфелер“, објави Грифин.
Во 2009 година Грифин беше избран како прв пик на драфтот од страна на Лос Анџелес Клиперс каде што помина девет години. Настапуваше уште за Детроит, Бруклин и Бостон, а ќе остане запаметен по монструозните забивања.