Дома Актуелно Момче во дресот на Реал Мадрид му пријде на Меси, еве што му порача Аргентинецот

Момче во дресот на Реал Мадрид му пријде на Меси, еве што му порача Аргентинецот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а за многумина и најдобар, Лионел Меси го привлекува вниманието на навивачите ширум светот.

Членот на Интер од Мајами во моментов е недостапен за својот матичен клуб поради повреда, а Меси ги пропушти последните девет натпревари.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави приказна за момчето Омар и популарниот фудбалер.

Имено, момчето Омар, кое носеше дрес на Реал Мадрид, му пријде на легендарниот играч, а деталите беа споделени на социјалните мрежите.

„Го сретнав Меси во ресторан во Мајами. Носев дресот на Реал Мадрид, но едноставно не можев да го пропуштам овој момент. Сакав фотографија со него, но се плашев дека ќе ме одбие поради мојот дрес на Реал Мадрид. Срамежливо му пријдов и молчев“, вели момчето.

Тогаш Меси му го кажа следново:

„Што е со тебе? Сакаш фотографија?“

„Да“, одговори Омар.

Потоа Меси одговори:

„Во ред е. Но, зошто си толку срамежлив?“

„Затоа што носам дрес на Реал Мадрид“, одговори Омар.

„Имам и јас дресови на Реал Мадрид. Ги менував со играчите“; – рекол Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ВИДЕО Погледнете го киксот на голманот на Џирона за гол на ПСЖ во 90 минута

ПСЖ доминираше против новајлијата во елитното друштво Џирона на отворањето на Лигата на ша…