Дома Македонски спорт Митревски блескаше, но Порто елиминиран од ЛШ

Митревски блескаше, но Порто елиминиран од ЛШ

Maкедонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше одлична вечер на голот на Порто во натпреварот против Алборг, сепак тоа не беше доволно да спречи елиминација на португалскиот тим.

Алборг го победи Порто со 24:27, тоа е истата разлика со која Порто победи во првиот натпревар (29:32), но данскиот тим оди помеѓу најдобрите осум поради поголемиот број голови на гости.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Митревски собра 15 одбрани, а дури 12 од нив беа во првото полувреме кога беше на 57% успешност во одбраните.

Херој на Алборг беше Јенсен кој го постави конечниот резултат. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Клар со шест гола, а кај Порто до истиот број на голови дојде Итуриза Алварез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…