Поранешниот голгетер на Интер, Диего Милито смета дека враќањето на Интер во Лигата на шампионите би било од огромно значење, дури го спореди и со освојување на Скудетото.
Интер не учествувал во Лигата на шампионите уште од 2011 година од кога Диего Милито беше член на клубот од Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милито смета дека неговиот сонародник, Мауро Икарди е клучниот човек во обидот „нероаѕурите“ да се вратат во најелитното натпреварување во Европа.
„Икарди? Мауро направи многу за тимот со своите голови, сигурен сум дека ќе се врат во Лигата на шампионите. Не сакам ниту да помислам што ќе се случи доколку и наредната седма сезона во низа го нема Интер во Лигата на шампионите. Враќањето е од исклучителна важност, еднакво важно како и освојувањето на Скудетото/ Тоа ќе биде борба со двата клуба од Рима. Наша предност е што не играме во ниту едно европско натпреварување оваа сезона“, изјави Милито.
Да потсетиме, Аргентинецот го носеше дресот на Интер од 2009 година до 2014, а за тоа време одигра 128 натпревари во Серија А и постигна 62 погодоци.