Селекторот Благоја Милевски не сакаше да коментира за судењето, иако беше очигледно дека Чешка победи со два сомнителни пенали.
„Не би сакал да ги коментирам пеналите. Тоа е работа на судиите и на ВАР. околу моите впечатоци од мечот, честитки за моите момци, посебно за второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига малку поголема самодовербата со топката во нога“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играта на Чешка се базира на трка и на сила и на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како го направивме тоа, но кога ја имавме топката, требаше да бидеме малку похрабри“, изјави Милевски.