Дома Фудбал Милевски денеска ќе го објави списокот со фудбалери за мечевите со Фарски Острови и Ерменија

Милевски денеска ќе го објави списокот со фудбалери за мечевите со Фарски Острови и Ерменија

Денеска во 11.00 часот во „Куќа на фудбалот”, прес-конференција ќе одржи селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски по повод првите два натпревари од новото издание во Лигата на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во групата 4 од Лигата Ц ривали на нашите најдобри фудбалери ќе бидат Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Првиот меч нашата А селекција ќе го има на 7 септември на гостински терени против Фарски Острови, а три дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 20.45 часот ќе ја пречека Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри сфати што направил кон Силва и испрати важна порака!

Играчот за врска на Шпанија, Родри, призна дека направил грешка по дуелот против Португали…