Дома Топ вести Милан ја сака ѕвездата на Барселона

Милан ја сака ѕвездата на Барселона

Милан е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, пренесуваат италијанските медиуми.

Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан внимателно ја следи ситуацијата бидејќи приоритет на „росонерите“ е големо засилување на десната крилна позиција.

Малдини го следеше Бразилецот уште додека играше во Премиер лигата, па наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент.

Италијанскиот шампион е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис, а Пиоли сака да има тандем на крилните позиции Леао – Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…