Милан продолжува со одличните партии во новата година, иако „росонерите“ со десеткуван тим допатуваа во Венеција.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Пиоли без поголеми проблеми запиша лесна победа од 3:0, а победата ја најави Ибрахимовиќ уште во 2-та минута после асистенцијата на Леао.




„Росонерите“ цело време го контролираа мечот, а во вториот дел со двата гола на Тео Хернандес го решија прашањето на победникот.




Милан со оваа победа изби на првото место на табелата, но Интер има два натпревари помалку.