Николо Барела од Каљари важи за еден од најголемите италијански таленти, па ова лето ќе се води жестока битка за неговиот потпис.
22-годишниот играч за врска одигра уште една фантастична сезона во Серија А и веќе се избори за стандардно место во италијанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер важи за најсериозен кандидат за неговиот потпис, а некои медиуми дури тврдеа дека „нероаѕурите“ веќе го договорија трансферот.
Интер подолго време е во преговори со Каљари, но двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик. Клубот од Сардинија бара 50 милиони евра, додека „нероаѕурите“ се спремни да платат најмногу 30 милиони и да понудат неколку млади фудбалери.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, па најеминентните италијански медиуми тврдат дека „росонерите“ сериозно се вклучиле во трката.
Малдини стапил во контакт со Каљари и со агентот на играчот и наводно е спремен да ја плати бараната сума од 50 милиони евра.
„Росонерите“ имаат проблем со финансискиот фер-плеј, но се спрмени да го продадат Франк Кеси за да го финансираат трансферот на Барела.
Сепак, Интер и понатаму останува во пол-позиција за неговиот потпис, бидејќи самиот играч преферира преселба во тимот на Антонио Конте.