Милан започнал преговори со дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.
22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па готово сигурно ќе замине како слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи италијанскиот гигант и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе Ндика на „Сан Сиро“ бидејќи може да игра како стопер, но и како лев бек.