Дома Топ вести Милан, Барса и Челзи се „тепаат“ за овој талент (видео)

Милан, Барса и Челзи се „тепаат“ за овој талент (видео)

18-годишниот Лазар Самарџиќ е роден во Берлин, игра за Херта и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Скаутите на европските гиганти веќе подолго време ги следат настапите на Самарџиќ, а тренерот Лабадија му даде шанса да дебитира за првиот тим на Херта оваа сезона во Бундеслигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За неговиот потпис интерес покажуваат Барселона, Милан и Челзи, клубови кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Самарџиќ оваа сезона за младинскиот тим на Херта постигна 14 гола и запиша 10 асистенции, па привлече големо внимание на себе.

Тој игра на позиција офанзивен играч за врска и ги помина сите младински селекции на германската репрезентација, а има повик и од српската сениорска репрезентација.

Најконкретен интерес во моментов покажува Милан, кој веќе започнал преговори со Херта за трансфер на Самарџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…