Лионел Меси официјално потврди дека кариерата ја продолжи во САД, во дресот на Интер Мајами.
Меси откри зошто не се вратил во Барселона и потврди дека не се водел по парите, па затоа не се преселил во Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Готово е, се знае мојата одлука. А таа е дека ќе играм за Интер Мајами. Ја напуштам Европа. Имав понуда од друг клуб од Европа, но јас можев и сакав да играм само за Барселона. Откако оваа опција се виде е неможна одлучив својата кариера да ја продолжам во Мајами“, истакна Меси.
„Навистина сакав да се вратам во Барселона и бев возбуден, но, на другата страна, по се што искусив кога си заминував, не сакав да се најдам во истата ситуација пак. Се плашев од истото нешто, затоа ја одбив Барселона. Да чекам што ќе биде и да ја оставам мојата иднина во нечии други раце. Донесов сопствена одлука, мислев за себе, за семејството. Слушнав дека клубот треба да продаваат играчи, да се намалуваат плати, па не сакав да одам низ такво нешто“, откри Аргентинецот.
🚨 BREAKING — Lionel Messi: “I’m gonna join Inter Miami. The decision is 100% confirmed”. pic.twitter.com/rm5R4TGFSM
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 7, 2023