Дома Фудбал Меси откри кој е неговиот најголем критичар

Меси откри кој е неговиот најголем критичар

Лионел Меси оваа сезона одново игра на високо ниво и од коло до коло ја води Барселона поблиску до титулата во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот имаше обраќање пред реваншот во Копа дел Реј и ги повика фановите на Барселона да ги поддржат во обидот да ја надополнат негативата од првиот натпревар.

Меси често пати добива критики од спортската јавност доколку одигра под своето ниво, а сега откри дека неговиот најстар син Тиаго започнал да разбира некои работи во фудбалот

„Тиаго веќе ги разбира работите. Во тек е со сите случувања, дури и добивам некои критики од него. Ја следи Барселона, Ла Лига и Лигата на шампионите. Ме оценува после натпреварите и можам да кажам дека прераснува во мој најголем критичар“, изјави Меси.

Севиља во првиот натпревар ја победи Барселона со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлжирците ќе се жалат, бараат објаснување зошто Меси не добил црвен картон

Фудбалската федерација на Алжир официјално поднесе жалба до Светската фудбалска федерација…