Дома Топ вести Меси останува во Барселона до 2023 година!

Меси останува во Барселона до 2023 година!

Сагата околу новиот договор на Лионел Меси со Барселона е пред крај, пренесуваат шпанските медиуми.

Според најеминентните медиуми во Шпанија, Меси се согласил да стави потпис на нов договор до јуни 2023 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Аргентинецот истекува овој месец, па неговата иднина во Барселона не беше сигурна.

Пред една година Меси официјално побара да ја напушти Барселона, но претходниот претседател Бартомеу не му дозволи.

Откако се случи претседателска смена, со доаѓањето на Лапорта значително се зголемија шансите Меси да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…