Дома Фудбал Меси даде ветување: Ќе се вратам да се простам пред полн стадион, но тоа нема да биде исто

Меси даде ветување: Ќе се вратам да се простам пред полн стадион, но тоа нема да биде исто

На денешната прес-конференција на која Меси се простуваше од Барселона вети дека ќе се врати и ќе се прости пред полн стадион.

Меси даде ветување, но потенцираше дека тоа нема да биде исто како кога би се случило сега кога заминува.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Да го посакувам тоа, но тоа не би било исто како сега кога заминувам. За овие луѓе и навивачи секогаш ќе бидам тука“.

Што очекува од кариерата?

„Тоа многу ќе зависи од моето здравје, до сега во кариерата немав тешки повреди, но никогаш не знаеш што може да се случи, еден момент може многу да промени. Да не се игра за Барселона ќе биде тешко, но јас секогаш ќе се борам за титули“.

„Сакам да освојам уште една Лига на шампионите затоа што не ја освоив во последните години. Не жалам за ништо, јас секогаш давав се од себе. Сигурно дека со Барса можевме до уште една Лига на шампионите, но тоа е тоа. Ја завршувам кариерата во Барселона со многу титули“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…