Дома Фудбал Останато Мендеш: Роналдо може да ја заврши кариерата во Јувентус

Мендеш: Роналдо може да ја заврши кариерата во Јувентус

Фудбалскиот агент, Жорге Мендеш во разговор за „Скај Спорт“ најави каде би можел неговиот најпознат клиент Кристиано Роналдо да ја заврши кариерата.

Португалецот летото 2018 година дојде од Реал Мадрид во Јувентус и во Италија веќе освои неколку трофеи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мендеш најави дека Јувентус би можел да биде последниот клуб во кариерата на Роналдо.

„Среќен е во Јувентус, работи со одличен тренер и би можел да ја заврши кариерата таму“, изјави познатиот агент.

Инаку, Роналдо неодамна беше во мала криза кога се головите во прашање, но погоди против Лацио пред десетина дена, а од тогаш во наредните две средби постигна уште три гола.

Оваа сезона вкупно на своето конто има 11 голови и две асистенции после 19 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Варди добива нов предизвик – му се отвора вратата од Серија А!?

Наполи, според пишувањата на британските медиуми, покажува интерес за изненадувачки потег …