Поминаа 15 години од последната професионална борба на Мајк Тајсон. Легендарниот Американец одличната кариера ја заврши во јуни 2005 година со поразот од Кевин Мек Брајд.
Потоа следуваше и еден период во кој имаше малку проблеми, но сега психички е и тоа како стабилен. Покрај тоа Тајсон напорно работи на физичката спремност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американецот се спрема за враќање во рингот да одработи егизбициони борби од 3-4 рунди за хуманитарни цели. Неодамна тој објави и видео на социјалните мрежи во кое покажа дека се уште може добро да удира (тука).
Иако има 53 години Тајсон е во одлична форма и успеа значително да го поправи својот изглед.
Пред неколку години тој мораше да носи неколку броеви поголема облека за да го прикрие вишокот килограми, денес ситуацијата е поинаква.