Дома Фудбал Останато Ново шоу: Мајк Тајсон повторно во рингот следната година

Ново шоу: Мајк Тајсон повторно во рингот следната година

Најголемата легенда на боксот е подготвен уште еднаш да се врати во рингот. Мајк Тајсон најави нова борба и овој пат ќе ги вкрсти ракавиците со уште една легенда на овој спорт – Флојд Мејведер во егзибициски меч во текот на 2026 година!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За сега нема дополнителни информации за мечот, не се знае локацијата, датумот, па дури ни платформата што ќе го пренесува овој меч, но сигурно е дека ќе се случи бидејќи и самиот Тајсон го најави преку својот профил на социјалната мрежа “X” во ноќните часови.

Инаку, Мајк Тајсон неодамна се бореше и против Џејк Пол, кој го победи, но очигледно е дека сега „Железниот Мајк“ е подготвен и за нов дуел.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектаклот закажан: УФЦ го потврди датумот на кој доаѓа во Белград!

По месеци на шпекулации, стигна официјалната потврда – УФЦ пристигнува во Белград. Н…