Дома Фудбал Останато Марсеј има докази: Нејмар може да добие 20 меча суспензија!?

Марсеј има докази: Нејмар може да добие 20 меча суспензија!?

Раководството од Марсеј потврди дека има докази против Нејмар, кој наводно го нарекол Јапонецот Хироки Сакаи „кинеско гомно“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Француското дерби заврши хаотично, а беа доделени и пет црвени картони, но страстите не се смируваат.

Еден од актерите беше Нејмар, кој го обвини Алваро од Марсеј дека го навредувал расистички, а тоа го потврдија и експерти за читање од усни.

На најскапиот фудбалер во светот сега му се заканува суспензија до 20 натпревари, на веќе добиената казна од три меча поради директен црвен картон.

Наводно, Марсеј има аудио докази дека и Нејмар користел расистички навреди кон Јапонецот Хироки Сакаи, поточно му се обратил со „кинесно гомно“.

Доколку се покрене нова истрага против Нејмар може да добие најмаллку уште 10 меча суспензија за расистички навреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …